17.05.2025
Почетна / Градина / Создавање на поволни услови за одгледување на цвеќе

Создавање на поволни услови за одгледување на цвеќе

Најдобра вода за поливање на цвеќињата е дождовницата, па ако е можно таа треба да се собира и чува, а најдобро во затемнета просторија за да не се создаваат алги во неа.

Воздух

Воздухот на растенијата исто така им е неопходен за живот, бидејќи тие дишат како и секое живо суштество, па затоа им е неопходен кислородот од воздухот.

Растението преку ситните пори на лисјата зема јаглерод диоксид од воздухот. Влажноста на воздухот исто така е значаен фактор за успешно чување на цвеќињата во станот. Меѓутоа на растенијата во домот не им е секогаш лесно да создадат влажен воздух, особено во зима кога просториите се загреваат.

Растенијата кои се пречуствителни на многу топол и сув воздух, како на пример, амаралиси,циклами, цинерарии, примули и други, треба да се сместат во помалку загреана соба, во којатемпературата е 8°C до 10°C. Но ако овие растенија сепак се чуваат во топла соба, потребно е следното: во поголема подлошка, во која е ставена саксијата со цвеќето, треба да се налее вода.

Во подлошката со вода треба да се стави помала тацна наопаку, за да саксијата не стои директно во вода. Водата полека ќе испарува и на тој начин растението секогаш ќе ја има потребната влага. Покрај тоа, растенијата треба да се наросуваат со распрскувач со отстоена вода по неколку пати дневно.

Види

Какви домати бараат Европјаните?

Европските потрошувачи претпочитаат помали сорти на домати. Подготвени се да платат повисока цена за нив, …