Почетна / Градина / Создадете рајско балконче

Создадете рајско балконче

Со доаѓањето на летото, доаѓа и желбата за да се помине повеќе време надвор. За да ја почувствувате атмосферата на шарената сезона, создадете рајско место на терасата на вашиот дом.

Чувството дека сте поблиску до природата ќе го подигне вашето расположение, дури и да живеете во голем град.

Украсувањето на балконите не е помалку важно од ентериерот во вашиот дом, бидејќи овој елемент од домот ви овозможува поголема слобода за дејствување.

Ако имате доволно површина – добра опција е да ставите масиче и столчиња, каде што со задоволство може да доручкувате или да пиете кафе. Прашувајќи се каде да го зачувате вашиот омилен стар мебел, би рекле дека терасата е идеално место за тоа. Старата фотелја, столица можат да го збогатат балконот.

Интересно е да изберете една нијанса и да се придржувате кон неа. Може да се усогласи со бојата на ѕидовите на терасата и да побарате саксии и перничиња со слични нијанси. Така ќе се создадете илузија за градина. Може да побара различни декоративни елементи како светилки, чадор или други интересни акценти за спектакуларен изглед.

 

Види

Контејнерско производство на расад

Се поставува леа со должина од 4 м и ширина од 92 см. Начин на …