Почетна / Градина / Совети: Направете сопствени зелени графити од мов

Совети: Направете сопствени зелени графити од мов

Се обидовме да направиме зелени графити кои толку убаво изгледаа, што беше неопходно да ви го покажиме начинот и рецептот по кој се прават истите.

Приказната е поврзана со експериментирање на перфектната формула која овозможува да се позеленат вашите ѕидови со мов и да ја изберете формата која ја посакувате.

Се што ви треба да започнете е: лименка од пиво, половина лажичка шеќер, пластичен сад, неколку купчиња градинарска мов, миксер и четка. Најпрво потребно е да прошетате во градината и да најдете градинарска мов.

Земете дел од неа, и ставетеја во вашиот миксер. (Не дозволувајте другите да ја видат вашата идеа, бидејќи можно е да не им се допадне на нив како на вас).

Додадете го пивото и шеќерот на мовот, и измешајтеги со миксерот се додека не стане убава кремава смеса. Потоа, истуретеја истата во пластичниот сад и одете на местото каде што сакате да направите зелен графит. Најдобро е да се направат графитите на ѕид кој е насочен спрема север.

Почнете да ги формирате вашите графити со четката, откако пронајдовте идеален ѕид кој е доволно влажен и е под сенка. Во зависност од дизајнот кој сте го одбрале, може да употребите вид на калап кој ќе ви помогне полесно да направите совршена форма на графитот, освен доколку сте добри уметници со четка можете да ги формирате со слободна рака.

Во секој случај, после цртањето на графитот осигурајтесе дека смесата која сте ја нанесле на ѕидот е сеуште влажна. Конечно, мовта ќе почне да живее и расте на ѕидот во форма која вие сте ја посакувале.

Види

Храна која доведува до предвремено стареење

Шпанскиот нутриционист Хелен де ла Фуенте Хидалго откри како да се избегне предвремено стареење. „Кога …