Комзумацијата на сок од боровинки може да има заштитен ефект од уринарни инфекции. За да се постигне ефектот потребна е исхрана на неколку чаши дневно во текот на месец или година, објаснуваат експертите.
Боровинката содржат супстанца која може да ги спречи бактериите од видот „Escherichia col“i да се прицврстуваат на ѕидовите на мочниот меур и да формираат отпорни колонии.
Токму овој вид бактерии се причината за 80% од инфекциите на уринарниот тракт. Истражувачите се согласуваат дека пиењето на сок од боровинки може да ја спречат инфекцијата со E.coli, но позитивниот ефект не е задолжителен кај секој човек.
Најдобар резултат се постигнува кај жените кои имаат повторувачки инфекции на уринарниот тракт. Сокот од боровинки содржи и многу витамини, кои се корисни за целокупното здравје на организмот.
Во лабораториските испитувања, тајвански научници откриваат дека дејството на боровинки на бактеријата E.coli трае околу осум часа по земањето, што е потребна употреба на неколку дози дневно, со цел да се постигнат позитивни резултати. Сепак се уште се потребни дополнителни испитувања, за да се утврди точната и оптимална доза од потрошувачката на црвена боровинка, кој ќе ги спречи уринарните инфекции, објаснуваат тие.
Плодовите на боровинката се богати со витамини, микроелементи, минерали, тен материи и флавоноиди, есенцијални масни киселини – линолеова киселина (OMEGA-6), алфа линолеова киселина (OMEGA-3), каротеноиди и фитостероли. Содржат околу 6% арбутин, траги од хидрохинон, околу 8% катехинови танини, Флавоноидите материи кверцетин, хиперозид, изокверцетин, урзолова, хлорогенова и кафе киселина, витамин Ц.