Почетна / Градина / Сок од портокал – колку e вкусен, толку и опасен

Сок од портокал – колку e вкусен, толку и опасен

Дали е безбеден сокот од портокал, кога е конзумиран во големи количини? Излегува дека не е. Омилениот пијалок на многумина има свои индикации и контраиндикации, како и оптимална доза.

Придобивките од сок од портокал

Свежо исцеден сок од портокал содржи изобилство на витамини А и Ц. Содржи уште витамини од групата Б (Б6, Б2, Б1), витамин К и Е, биотин, фолна киселина, како и инозитол, ниацин и единаесет незаменливи аминокиселини.

Сок од портокал ги содржи и микроелементите калиум, калциум, фосфор, бакар, железо, магнезиум и цинк. Поради големите количини на витамин Ц, сок од портокал помага за подобрување на имунитетот, се бори против заморот, ги зајакнува крвните садови. Свежиот пијалок од портокал често се препорачува кај хипертензија и атеросклероза.

Штетата од сок од портокал

Сокот од портокал не е корисен пијалок за луѓе со висока киселост на гастричниот сок, за оние кои страдаат од гастритис или чир на желудникот и дуоденумот.

Тој не се препорачува кај речиси сите болести на цревата. Исто така специјалистите советуваат доколку го пиете во умерени количина да го разредувате со вода.

Сокот од портокал, како и сите други овошни сокови, има еден важен недостаток, а тоа е фактот дека во неговиот состав се содржи многу овошен шеќер. Затоа во поголеми количини сокот од портокал може лесно да се претвори во причина за дебелеење или дијабетес тип II.

Експертите потсетуваат дека дозволеното корисно количество сок од портокал кој човек треба да конзумира во рок од една недела, е од три до шест чаши (150-200 мл), соопштува весникот edna.

Види

Џвакање саќе со мед

Со џвакањето мед од саќе составен од восок, во нашиот организам допираат биолошки активни материи …