06.07.2022
Почетна / Совети / Со шоља кафе стигнете сами до временска прогноза

Со шоља кафе стигнете сами до временска прогноза

Временската прогноза за наредните 12 часа може да ја дознаете и според методите на старите светски патници и авантуристи.

За сето тоа потребна ви е само една шоља кафе. За сите оние кои сакаат да пијат кафе, пристигнуваат интересни новости од „Backpacker“ магазинот, кои ова уживање ќе го направат уште позабавно.

Сварете го кафето и ставете го во шољата. Млекото и шеќерот не се неопходни, но бидејќи трикот се состои во меурчињата, нив многу лесно ќе ги видите и ако ги додадете овие состојки.

Доколку не сте некој голем љубител на кафето, оваа работа може да ја завршите и со помош на врел чај или какао. Кога кафето (какао, чај) ќе го ставите во шоља, немојте веднаш да го пиете, набљудувајте ги меурчињата. Ако меурчињата во рок од 10 секунди почнат да се поместуваат накај ивицата од шољата, тоа е добар знак (освен ако не сте земјоделец), може да очекувате суво време во наредните 12 часа.

Доколку меурчињата подолго време останат сконцентрирани во центарот и околу центарот, подгответе го чадорот, бидејќи во наредните 12 часа времето ќе биде влажно и врнежливо. На крајот, доколку меурчињата се поместуваат кон ивицата на шољата но многу споро, времето ќе биде променливо.

Овој механизам е многу сличен на рудиментарниот барометар, бидејќи во теорија високиот притисок би требало да ги бутка меурчињата кон ивицата, а таквиот притисок наговестува период на сончево и суво време. Од друга страна пак нискиот притисок, наговестува променливо и врнежливо време, па затоа тој нема да ги помрдне меурчињата накај ивицата од шољата.

Види

Тајната на урдата, која не ја знаеш! Што се случува ако секој ден јадеш од неа?!

Урдата е еден од најстарите прехранбени производи, кој се консумира со огромна желба од луѓето. …