22.01.2022
Почетна / Градина / Вести / Со овој утрински напиток цревата ќе ги испразните неколку пати во денот

Со овој утрински напиток цревата ќе ги испразните неколку пати во денот

Лекарите обично тврдат дека мрзливите црева и нивното нередовно празнење се главниот виновник за вишокот на масно ткиво кое се таложи на стомакот. На тој начин организмот се оптеретува со токсини и е оневозможен правилно да ја искористи енергијата, која често завршува во резерви, пишува Мое здравје.

Меѓутоа, постои едно природно средство кое нутриционистите го препорачуваат, а кое ќе ви помогне во исфрлањето на сите заостанати фекалии, а со самото ослободување на организмот, вие ќе можете да го започнете процесот на слабеење и неговото регенерирање.

Тие наведуваат дека решението лежи во здравиот коктел, кој треба да го замени појадокот, а чија подготовка е екстремно брза и лесна.

Овој неверојатен пијалак се верува дека може да елиминира околу 2 килограми и тоа од стомакот, по само еден месец консумирање!

Не само што ќе ја намалите телесната тежина, туку ќе се чувствувате подобро, поздраво а вашата коса и нокти ќе зајакнат, додека кожата на лицето ќе ви блесне. Ако сте имале проблеми со алергии, егземи, акни и митесери, ќе забележите како постепено ќе исчезнат.

РЕЦЕПТ:
Потребни состојки:

6 суви сливи
2 лажици овесни снегулки
1 лажица мелено ленено семе
1 лажица какао во прав
300 мл кефир
Постапка:

Сувите сливи прелијте ги со 100 мл зовриена вода. Оставете ги да отстојат 10 минути. Исечкајте ги сливите, додадете ги останатите состојки па прелијте со кефирот. Коктелот оставете го во фрижидер, најдобро да отстои преку ноќ. Овој чудесен појадок консумирајте го на празен стомак.

Види

Облечен во црвена маица го разлути бикот: Еве како бикот успеа да го пробие кафезот

Облечен во црвена маица овој човек мислеше дека ќе биде во центарот на вниманието на …