25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Со измените на Законот за пасишта до ефикасна распределба на пасиштата

Со измените на Законот за пасишта до ефикасна распределба на пасиштата

Измените и дополнувањата на Законот за пасишта влегуваат во завршна фаза. На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk е објавено известувањето за почеток на процесот за подготовка на предлог за измени и дополнувања на законот за пасиштата.

Со одредбите на предложените измени и дополнувања на овој закон се уредуваат постапките за давање на користење на пасиштата, со што ќе се овозможи подобра сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугите како и применливост на истите,што не е случај со моментално важечкиот закон за пасиштата.

Ги повикуваме сите заинтересирани субјекти да се вклучат во процесот на разгледување на овие измени и дополнувања  и да ги остават своите коментари за подобрување на содржината на овој пропис.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …