18.04.2024
Почетна / Uncategorized / Со фото “замка“ сликани две различни единки од балканскиот рис кај с. Жировница

Со фото “замка“ сликани две различни единки од балканскиот рис кај с. Жировница

Петтата интензивна сесија со фото замки во Националниот парк Маврово започна на 15 февруари оваа година. Ренџерите во паркот заедно со членовите на Македонското еколошко друштво за 4 дена успешно поставија 60 фото замки на 30 различни локации во паркот. “Замките„ ќе бидат активни 2 месеци, а контрола на истите ќе биде вршена според претходно утврдена динамика, соопштуваат од Националниот парк Маврово.

По првата проверка на фото замките близу селото Жировница успеавме да сликаме две различни единки од балканскиот рис. Бидејќи периодот на парење на рисот е во полн ек, а земајќи предвид дека истите единки се сликани и претходната сесија во 2015 година, мислиме дека се работи за возрасни мажјак и женка.

Бидете во тек и следете ја страната на НП Маврово за повеќе информации околу престојаната сесија.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …