Вечерва снег врне на Попова Шапка, Маврово и ски центарот Нижо Поле на Пелистер.
Вечерва снег врне и на сите повисоки места во земјава, а според УХМР утре и во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата.
Потоа се очекува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во сабота се очекува да бидат пообилни.