23.04.2024
Почетна / Uncategorized / Снегот не откажува: Еве какво време не очекува денес

Снегот не откажува: Еве какво време не очекува денес

Во овој момент од југозапад кон нашата држава доаѓаат нови врнежи и истите се во склоп со циклонот ДИМИТАР.

Најпрво овие врнежи ќе ги зафатат западните и југозападните предели каде веќе и ги има истите додека во текот на денов истите ќе се шират и во останатите предели од државава.

Врнежите ќе бидат претежно од снег додека на југозапад локално и на запад на пониските места ќе врне дожд и снег повремено и влажен снег.

Во југоисточните предели како и Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и тоа поради релативно топлото време кое го има токму таму.

Поради продолжувањето на врнежите снежната покривка и понатаму ќе се зголемува.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ: Поради зимските временски услови на возачите им препорачуваме да бидат крајно внимателни и да внимаваат како возат, односно истите да возат со намалена брзина со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …