17.02.2025
Почетна / Градина / Вести / СКОПЈЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ

СКОПЈЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ

Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ на 27 и на 28 мај 2017 година (сабота и недела) во Паркот Македонија, наспроти „Веро 2“ во Тафталиџе, ќе го организираат четвртиот по ред Скопски цветен фестивал 2017.

Скопскиот цветен фестивал е мултимедијална манифестација која по четврти пат на едно место ќе ги собере љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците.

Во текот на два фестивалски дена граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да се дружат на отворено и да се забавуваат.

Види

„Професорите садат“ – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …