29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Скиндапсус (Scindapsus aureus)

Скиндапсус (Scindapsus aureus)

Скиндапсусот (Scindapsus) е растение со зелени листови на кои има жолти шари. Попопуларни видови се „Scindapsus Aureus“ (слика 1), „Scindapsus pictus (слика 2)“.

Може да се одгледува во висечки сад, или пак може да се користи стап обложен со мов, околу кој ќе расте. Ова растение расте многу брзо, и за една година може да порасне до 50 сантиметри.

Сака повеќе сончеви места, па пожелно е да биде блиску до прозорецот. Не бара многу влага, па пожелно е земјата да се засуши пред следното полевање. Во летниот период потребно е да се полева на секои 4 до 5 дена, а во зима на околу 10 дена. Најдобра температура за негово одгледување е 18 до 20 степени во текот на летото, а во зимата околу 16 степени.

Скиндапусот нема период на мирување, па може да се прихранува го еднаш месечно со течно ѓубриво. По желба може да го режете, а најдобро време за тоа е пролетта. Се размножува со резници. Може да се садат директно во земја, или пак да стојат прво во вода, па кога ќе пуштат коренчиња, да се насадат. Ако рабовите на листовите имаат кафени флеки, тоа е знак дека растението е премногу полевано. Може да се пресадува на секој две до три години, а најдобро време за тоа се февруари и март месец.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …