Почетна / Градина / Животни / Што значи животинската биоакустика ?!

Што значи животинската биоакустика ?!

Глувците пеат песни на ултразвучно ниво за своите сексуални партнери кои можат да се споредат со песната од птиците, а продуцираат звуци со ниска фрекфенција од околу 20 kHz кога се под силен стрес. На повисоки фрекфенции од 30-50kHz, додека пак, пуштаат звуци кои се мајчински повик до малите да се соберат на едно место. Зајакот во присуство на непознати или при можна опасност тропа со задната нога по тлото предупредувајќи ги на тој начин другите зајци да не излегуваат од дупките. Тропањето е сигнал кој што се пренесува низ земјата и цела колонија може да го слушне. Доколку е заробен, зајакот емитира остар пискав звук што може да се слушне низ целиот регион.

Многу морски суштества емитуваат звуци кои се нечујни за човековото уво. На пример китот Megaptera novaeangliae има широк и разновиден звучен репертоар, достигнувајќи до 5000 Hz во фрекфенција. Откриено е дека најголем дел од енергијата во разговорите на азиските и афричките слонови е концентрирана на 14-35 Hz – фреквенции во близина или под долната граница за човековиот слух, што е околу 20 Hz.

Некои повисоки фрекфенции на некои од овие повици луѓето ги слушаат како ниски, меки звуци и мрморења. Затоа, можноста за употреба на инфразвуци им дава на слоновите посебна предност кога станува збор за комуникација на поголеми дистанци. Нискофреквентните бранови патуваат низ воздухот многу подалеку од високофреквентните бранови. Со снимки, исто така, може да се дознае точниот број на слонови и да се оцени нивното здравје преку акустичното инфо. Се смета дека и мачките имаат сонарен систем, претставен од слушниот апарат и од мустачките кои им служат за навигација и се осетливи на бранови од најниски фрекфенции. Мустачките се тие што ги ориентираат во темница да не се удрат во некој предмет.

Еден интересен факт за животните и нивната осетливост на бранови е поврзаноста на земјотресите со нивните сонарни системи. Така некои видови змии (кои се осетливи на инфрацрвени зраци), глувците и лилјаците при насетување на земјотрес, мигрираат на безбедни места. Ваквото “предвидувачко” однесување на животните е опишано во книги кои потекнуваат од 373 години п.н.е. уште за време на Римската империја. Кршењето на карпите обично се манифестира со високофрекфентни бранови кои претставниците од Rodentia (глодари) можат да ги слушнат, додека одредени поместувања на инфразвучно ниво лесно ги детектираат слоновите, змиите и птиците. Тоа би била причина зошто животните се вознемируваат пред земјотресот – тие всушност го насетуваат првиот звучен бран од фрекфенции кои патуваат побрзо од тие што човечкото уво може да ги прими. За жал луѓето секојдневно со бучавата што ја создаваат со различни машини, електронската комуникација, мобилните телефони, вештачките сонари се повеќе и повеќе интерферираат со звуците на животните, ги збунуваат, ги дезориентираат или погрешно насочуваат а со тоа и го нарушуваат екосистемот.

Извор: Истражувачко друштво на студенти биолози

Види

Кои се 5 раси на кучиња за ладна клима

Сибирскитe хаски Ова е една од најпопуларните раси што се чувствува одлично во студот. Со …