Почетна / Градина / Животни / Што значи животинската биоакустика ?!

Што значи животинската биоакустика ?!

Животинската биоакустика, често се нарекува едноставно биоакустика и е студија на звукот во нехуманите форми.

Тоа вклучува: животинската комуникација и поврзаноста со однесувањето, анатомијата и неуропсихологијата на производство на звук кај животните, аудитивни капацитети и аудитивни механизми на животните и инструментални хидролокатори.

Најчесто се користи за проценка на популацијата со идентификација; проучување на однесувањето на животните и ефектите на бучавата (создадена од човекот) врз организмите.

Со помош на оваа техника истражувачите можат да идентификуваат видови, да се утврди нивното движење, густината на популацијата и еволутивните врски. Таквите знаења им помагаат на еколозите и општо биолозите да разберат како животните комуницираат за да преживеат, и како реагираат на човековите влијанија. Забележано е дека различни видови одбираат различни фрекфенции за меѓусебна комуникација и дека распределбата на територии во екосистемот помеѓу единките во популацијата ја базираат токму на оваа бранова комуникација.

Доколку некој вид е концентриран на одредена област и забележи отсуство на неговата позната фрекфенција за комуникација во соседните области, тој почнува да се шири во тој правец, распространувајќи се хомогено. Претпоставка е дека нарушувањето на екосистемот со уништување на одредени видови, би резултирало со раст и проширување на популации кои комуницираат на слични фрекфенции. Меѓусебната комуникација, повикот за парење, искажување на разни емоции, не се карактеристични само за човекот.

Кучињата лаат на различни начини при различни расположенија, мачките предат од задоволство, хискаат кога се спремаат за напад, волците вијат кога ја повикуваат глутницата да се собере, а тоа се само звуците кои ние можеме да ги слушнеме. Опсегот на звуци не секогаш може човечкото уво да го регистрира, како што е случај со ултра звуците кај лилјаците.

Види

Кои се 5 раси на кучиња за ладна клима

Сибирскитe хаски Ова е една од најпопуларните раси што се чувствува одлично во студот. Со …