16.03.2025
Почетна / Градина / Што значи „Здрав како дрен“?!

Што значи „Здрав како дрен“?!

Дрен или обичен дрен (науч. Cornus mas) — вид цветно растение од семејството дренови (Cornaceae), native јужна и југоисточна Европа (од Франција до Украина вкл. Македонија), Ерменија, Азербејџан, Грузија, Иран, Турција, Либан и Сирија.

Ова е средна до голема листопадна грмушка или мало дрво кое достигнува висина од 5–12 м и има темнокафеави гранки и зеленикави ластегарки.

Листовите се спротиставени, долги 4–10, а широки 2–4 см, со јајчест до издолжен облик и истакнати жили. Цветот е мал (5–10 мм во пречник) со четири жолти ливчиња, во китки од по 10–25 дозна во зимата, далеку пред појавувањето на првите листови.

Плодот (дренката) е долгнавест и црвен, со должина од 2 см и пречник од 1,5 см и има една семка. Во народната мудрост, дренот е поим за сила здравје поради неговата цврстина и издржливост, па оттука и познатата изрека „здрав како дрен“.

Плодот на дренот се нарекува дренка и узрева кон средината или на крајот на летото. Дренките се познати во исхраната на Балканот и западна Азија, но не се јадат пред да узреат, односно кога ќе паднат од дрвото. Зрелата дренка е темноцрвена или светложолта по боја, има кисел вкус (нешто меѓу брусница и вишна) и се користи за добивање сок и мармалад, но се јаде и исушена и се користи за правење на ракија „дренковица“. Содржи исклучително многу витамин Ц и затоа се зема против настинка и грип. Наоѓа примена и во традиционалната кинеска медицина.

Лушпата од плодовите поседува противомикробно дејство спрема различни бактерии кои предизвикуваат гастроинтестинални инфекции.Екстракти од овошјето и кората на младите гранчиња ја намалуваат телесната температура. Околу 1 лажица плодови од дрен се варат во текот на 5 минути во 300 мл вода. Се пие по 1 чашка пред јадење 3 пати на ден, при диарични состојби.

Види

Како да ја зачувате Поинсетија (Euphorbia pulcherrima) после зимните месеци

Поинсетијата (Euphorbia pulcherrima) се смета како едно од најпопуларните цвеќиња, особено за време околу божиќните …