19.08.2022
Почетна / Градина / Што значи бојата на трендафилот: црвената боја значи почит, a жолтата …

Што значи бојата на трендафилот: црвената боја значи почит, a жолтата …

– црвена – љубов, почит

– темно розева – благодарност, подржување

– светло розева – восхит, симпатија

– бела – поштување, пониженост

– жолта – среќа, одобрување

– портокалова – ентузијазам, желба, страст

– мешавина од црвено и жолто – веселост

– бледи мешани тонови – друштвеност, пријателство.

Најчеста боја на розите е розевата, сметано и со дивите видови. Од основните розева, црвена, жолта и бела боја, во 20-тиот век, по пат на хибридизација се добиени трендафили со боја на кајсија, праска, портокал, виолетова и комбинации од сите нив. Пред 40-тина години најпопуларна била црвената боја на трендафилите, така што на црвени рози отпаѓале приближно 40% од вкупно продадените. Пред 20-тина години многу модерна била светло портокалово-црвената боја (како хибридот Тропицана). Денес се најпопуларни пастелните бои, особено боја на кајсија и праска. Исчекувањето за сина роза се чини дека е при крај. Бидејќи пигментот за сина роза не постои кај природните видови (од кои потекнуваат сите хибриди), ваква роза не може да се добие по природен пат. Но, затоа во Австралија (а веројатно и на други места) во тек е обид со кој, преку методи на генетски инженеринг, гените за син пигмент од други растенија би се инсталирале во розите. Иако не постојат црни рози, некои изразено темно црвени хибриди се речиси црни по бојата на цветот. Сепак, ова е проблематична боја, најповеќе заради практични причини – црниот цвет бргу би “изгорел” на малку посилно сонце.

Автор на текстот: crvenaroza.blogspot.com

Види

Деца покажуваат зошто органското фармерство е избор на иднината

Погледнете како овие деца покажуваат дека органското фармерство е избор на иднината. Време е да …