Овој цветен ѕид навистина ќе ве изненади. Освен со својата боја и биодиверзитет, оваа убавина е всушност вистинско уметничка пејзажна архитектура, бидејќи претставува најголемата вертикална градина во целиот свет. Ова е градината на Fiordaliso Shopping Center, која се наоѓа во Италија.
Овој исклучително цветен ѕид е веќе рекордер и присутен во гинисовата книга на рекорди. Колоритната вертикална градина е изградена на 1263 квадратни метри површина. Врз овие зачудувачки димензии се среќаваат повеќе од 44 000 претставници на различни видови на цветни и зимзелени растенија.
Благодарение на оваа вертикална цветна градина, еден обичен МОЛ се претвора во вистинска оаза. Цветниот ѕид го подобрува и квалитетот на воздухот во регионот. А покрај тоа, растенијата се најдобар шумоизолатор, бидејќи ја апсорбираат бучавата од автомобилите и ги апсорбираат штетните емисии од издувните гасови.