14.12.2024
Почетна / Градина / Што претставуваат погодните дизајнерски решенија за градините

Што претставуваат погодните дизајнерски решенија за градините

Погодните дизајнерски решенија за градината претставуваат развој кои се среќаваат со проблемите во сегашноста без притоа да се загрозат идните генерации. Според Кралскиот Австралијански Институт постојат пет принципи на погоден дизајн:

1. Одржување и враќање на биолшката разновидност

2. Минимизирање на употребата на средства

3. Минимизирање на загадувањето во воздухот

4. Зголемување на здравјето, зашитата и комфортот кај корисниците на градини

5. Зголемување на свеста за природата кај луѓето.

Во уредувањето на дворови добриот дизајн треба секогаш да ги разгледува овие принципи и дизајнерите треба секогаш да им овозможуваат на своите клиенти информации околу селекцијата на растенија. Некои од стратегиите за погоден дизајн вклучува:

1. Дизајнирање за енергетска ефикасност – Правење на сенки на северните, западните или источните прозорци и ѕидови во текот на летото и дозволување на влез на сончевите зраци во зимата.

2. Редуцирање на употребата на вода – Некои растенија бараат помалку вода за полевање, па затоа потребно е нивното присуство во дворовите. Постојат многу егзотични растенија кои може да виреат и на нашето подневје, а сепак да имаат потреба од малку вода. Системот капка по капка, за многу градини е одлично решение. Водата влага директно во коренот и тоа само толку колку што е потребно.

3. Одговорност за селекција на растенија – Внимателниот избор на растенија може многу да допринесе за убавината на вашата урбана градина. При иборот најмногу треба да се внимава на тоа кои растенија виреат на нашето подневје.

4. Рециклирање – Повторна употреба на почвата и материјалите кои може да се рециклираат на крајот од нивниот живот. При изборот на материјали, треба колку е можно повеќе да се користат рециклирани. Употребата на локални производи го намалува транспортот и производството на јаглерод во воздухот.

5. Минимизирање на употребата на хемикалии и загадувања во воздухот.

6. Дизајнирање на продуктивни градини – Дизајнирање на градини во кои ќе бидат вклучени зеленчукот, овошјата и плодовите.

7. Дизајнирање на зелени покриви и ѕидови.

Види

5. цвеќиња кои ги сакаат северните простории

Некои цвеќиња претпочитаат светлина, но не сонце. Други се дефинитивно љубители на темните простории. Значи, …