28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Што можеби не знаевте за рубинот

Што можеби не знаевте за рубинот

Рубинот е розова до розовоцрвен скапоцен камен вид на минералот корунд (алуминиум оксид), чие боење се должи пред се на нечистотиите од хромот. Неговото име потекнува од ruber или rubrum – латинскиот збор за “црвен”.

Во древна Русија, Рубинот бил нарекуван јахонти. Боите на рубинот се движат од длабоко розово до длабоко црвена со виолетова нијанса. Највисока вредност имаат рубини со боја, како македонскиот со малино – розева боја.

Првите податоци за овие прекрасни камења се од 4 век п.н.е. и се среќаваат во индиските и бурманските летописи. Во Римската империја рубинот бил од особена почит и бил вреднуван повеќе од дијамантите.

Рубините биле омилени на Клеопатра, Месалина, Имер Стјуарт, а колекциите со рубини на кардиналот Ришелје и Марија Медичи биле познати низ цела Европа.

Најпознатите рубини се “Северната ѕвезда”, кој се наоѓа во Музејот на природна историја во Њујорк, како и “рубинот на Едвард”, чуван во Британскиот музеј на природната историја во Лондон.

Според древните верувања рубинот е камен на животот. Се сметало дека штити од чума и од ѓаволот. За главно мистично својство на рубинот се сметала неговата способност да раѓа привлечност кон големите.

Астролозите го препорачуваат како маскота на родените во знакот на Овен.

За повеќе за македонскиот Рубин, кликнете ОВДЕ !

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …