Ова чудесно сино апче, лансирано е пред 15 години на американскиот пазар и го освои светот како ни еден лек до тогаш. Синиот лек против импотенција и проблеми со ерекцијата се консумира без контрола – 6 парчиња на секоја секунда, а до сега се продадени над 2,5 милијарди апчиња.
Во Европа најмногу ја консумираат Британците, потоа Италијанците и Германците, а најмногу Виагра се троши во Бристол. Виагра е лекот кој доживеа и најмногу фалсификати, па скоро 80 проценти од Виаграта што може да ја купите преку интернет е лажна.
Ако не сте знаеле, Виаграта е нуспроизвод од обидот да се пронајде нов лек за ангина пекторис, а првите среќници кои учествувале во клиничките истражувања не забележале никакви подобрувања врзани со болеста, но затоа во креветот правеле чуда.
Некои истражувачи од Аргентина, во 2007 година, ја освоија Iq Нобеловата награда за целосно бескорисни истражувања, бидејќи откриле дека штурците кои имаат проблем со несоница како последица на џет лег, се оправуваат побрзо ако им се даде Виагра.
Виаграта ја сакаат и растенијата, бидејќи во Израел откриле дека залевањето на ружите и каранфилите со раствор кој содржи 2 проценти од дозата за мажите, доведува до побрзо растење и поголеми цветови, кои остануваат свежи долго откако ќе се наберат.
За крај, неколку совети – никогаш не пијте Виагра и сок од грејпфрут бидејќи тој ќе го блокира aпсорбирањето на апчето, мрсната храна го забавува дејството на Виаграта, па затоа ако имате планови, прво почестете се лесна вечера, а потоа фрлете се на акција во креветот.