29.03.2024
Почетна / Совети / Што е потребно за да одгледате добри тикви

Што е потребно за да одгледате добри тикви

Предуслови за одгледување на тиквата

Тиквата како култура има особено изразена потреба од топлина, а особено некои видови мускатни тикви. Младото стебло од тиква е многу чуствителна, дури и на слабите пролетни слани и ниски температури.

При ноќна температура пониска од 12 степени целзиусови не може да се формира плод. Оптималната температура на развоји плодоносење е 25 до 28 степени целзиусови. Освен ова, тиквата има потреба од обилно наводнување и директна сончева светлина. Таа најдобро успева на длабоки влажни и топли почви богати со хранливи материи.

Особено е важно пред садење, површината добро да е наѓубрена со арско ѓубриво. Кај нас особено е ценета таканаречената „Бела тиква”, но во последно време се позастапена е и сортата „Ракета”. Од мускатните сорти на тиква, најдобри приноси се добиваат од мускатната сорта 51-17. Плодовите на тиквата зреат за околу 130 дена од никнувањето. Просечен принос на оптимално подготвена парцела во големина од100 метри квадратни е 350 до 400 килограми плод.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …