Почетна / Совети / Што е потребно за да одгледате добри тикви

Што е потребно за да одгледате добри тикви

Тиквата е едногодишно зелјесто растение со ползаво ребресто и бодликаво стебло, кое честопати, достигнува должина од околу 10 метри.

Листовите се огромни, со облик на срце, петтоделни и назабени на рабовите. Цветовите на тиквата се жолти, а машките се покрупни од женските.

Плодот е огромен и неговата тежина достигнува од 10 до неверојатни 80 килограми кај одреден вид калемени тикви.

Кај обичната тиква, бојата на плодот од надворешната страна е бело сивкаста, а откако ќе се рассече, од внатрешната страна е со портокалова боја, меснат и сочен. Во внатрешноста има шуплина во која се сместени поголем број семки. Тиквата цвета во јули и август, а зрее во септември и октомври.

Тиквата како култура по потекло е од тропските делови на Америка. Кај нас најчесто се одгледува како меѓу посев заедно со пченката, но често ја има по градините, дворовите и на краевите од нивите. Има многу сорти, со различен облик и нијанси на боја, кои меѓусебе се разликуваат по вкус и големина на плодот.

Се користи за хранливата внатрешност, но и за мошне вкусното семе. Порано била незаменлив дел од народната кујна и се служела редовно како храна, но во последно време таа се послужува како десерт. Се уште постои традиција и се послужува за време на Бадниковата вечер, како дел од посната трпеза.

Види

Рецепт го подобрува видот, ги отстранува мастите од џигерот и го чисти дебелото црево

Со стареењето успоруваат и разни телесни функции што доведува до проблеми како што се запушено …