20.04.2024
Почетна / Градина / Хортикултура / Што е добро дизајнирана градина

Што е добро дизајнирана градина

• Потребно е добро познавање на дендрологијата, односно екологијата на родовите, видовите и култиварите. На прво место е доброто познавање на таксономијата, како основа на натамошно и полесно детерминирање на видовите кои ќе се користат во секојдневната употреба.

• Потребно е да се направи табеларен приказ на дрвја и грмушки и, секако перени.

• Покрај естетските да поседува и функционални вредности.

Секогаш предвид мора да се имаат параметрите на растителните видови кои сакаме да ги користиме за нашата градина. Овие параметри вклучуваат:

1) Период на цветање и боја на цвет – овозможува подобра селекција и категоризација на дрвни видови, грмушки и перени кои ни даваат колорит и разновидност во градината.

2) Кора – карактеристика по која одредени видови се издвојуваат поради убавината, текстурата на кората на деблото, како на млада, така и на стара возраст, и со тоа заслужуваат да бидат вметнати во дизајнот.

3) Хабитус – формата на крошната и хабитусот на дрвните видови и грмушки, му овозможува на човечкото око препознавање од дистанца.

4) Боја – следува спектарот на бои како основно орудие со кое си „играме“ во градината.

Бојата, заедно со формата на крошната, хабитусот, линијата на погледот, текстурата на лисјата се еден од основните елементи на хортикултурното уредување. Додека пропорциите, промената и единството се некои од начелата на кои се потпираат тие елементи.

Линијата на поглед се однесува на фактот дека движењето на очите на гледачот е диктирана со поставувањето на растенијата и нивните граници. Движењето на очите, несвесно, е под влијание на начинот на кој што групите на растенија се вклопуваат или прелеваат едни во други во хоризонтална и во вертикална линија.

Текстот го подготви: „Semprevivum”

Види

Рафлесија – најголемoто цвеќе во светот

Ова растение се нарекува Рафлесија „Rafflesia arnoldii“ и може да се најде во дождливите шуми …