Почетна / Градина / Што да правите со лозата на есен?!

Што да правите со лозата на есен?!

Ноември е типичен есенски месец. Денот брзо се намалува, а со тоа и сончевите периоди, со што се намалуваат и вредностите на надворешната температура и доаѓа до појава на карактеристичните временски феномени: магла, мраз, температурни инверзии и сл.

Во овој период се врши основното ѓубрење со комбинирани ѓубрива, по што земјата се заорува на 18 – 20 см. Лозата има моќен, развиен коренов систем кој што опфаќа голем обем на почва, што и овозможува полесно да се снабдува со потребните хранливи материи од почвата.

Исто така лозата има способност доста лесно да го извлечи и да го искористи фосфорот од тешко растворливите фосфорни ѓубрива.Во текот на овај месец се вадат лозичките од вкоренувалиштата, се складираат и се чуваат. Доколку во младите лозови насади се утврди присуство на заболени од рак лозови садници, потребно е да се откорнат и да се отстранат од насадот.

Извор: agencija.gov.mk

Види

Екстрактите од коренот на аралијата дејствуваат врз централниот нервен систем и ја зголемуваат физичката активност

Расте во шумести места, ливади и напуштени места. Корисен дел од ова растение се неговите …