25.04.2024
Почетна / Градина / Шефлера

Шефлера

Шефлерата води потекло од Австралија. Тоа е растение со специфични листови кои имаат 5-9 листа и се во форма на дланка. Претежно се растенија со едно стебло, меѓутоа ако се реже може и да се разграни.

Има потреба од средна светлина, а водата со која се полева треба да е на собна температура. На секој две недели пожелно е да се става течно ѓубре. Бара влажна клима со идеална температура од 18 степени. Има темнозелени или прошарани листови.

Во лето треба да се полева 2-3 пати седмично, додека во зима приближно на секои 5-6 дена.

Се размножува со помош на резници кои е потребно да се држат во вода за да потераат коренчиња и потоа да се пресадат во земја. За пресадување, најпожелно е тоа да се прави секоја втора година, а ако ја држите во голема саксија доволно е да се тргне горниот слој на земјата и да се додадe свежа.

Види

Потхранување на расадот

Хранењето на млади растенија со зеленило започнува веднаш по ртење на растенијата – околу 5-7 …