02.10.2022
Почетна / Совети / ШАМАНСКИТЕ КРИСТАЛИ – база за модерната дигитална технологија

ШАМАНСКИТЕ КРИСТАЛИ – база за модерната дигитална технологија

За да биде функционален, кристалот треба да биде инициран и ставен во функција. Не е доволно само да го имаме, туку исто како со еден музички инструмент кој не може самиот да свири, треба секојдневно со него да вежбаме, да напредуваме и да го одржуваме. Еден клавир би можел со години да представува само едно убаво праче мебел. Но ако пред него `седне` мајстор – пијанист како Симон Трпчески, тогаш од неговите жици и сонорична градба ќе се рашири хармонична вибрација наречена музика, која може да ни` ги промени и чувствата и расположението па дури и физиологијата. А со тоа и состојбата на нашето здравје!

На сличен начин делуваат и кристалите. Тие се составени од атоми, јони или молекули, распоредени во патерни кои циклично се повторуваат и редат еден до друг во геометриски прецизно дефиниран распоред во просторот. Таквата нивна состојба на совршен ред, тежнеат да ја пренесат на околниот простор, преку својата вибрација. Затоа кога ги носиме со себе, тие делуваат во правец на синхронизација на фрекфенциите со кои осцилираат кристалите во нашите клетки и тело, кои поради изложеноста на надворешни влијанија можат да претрпат дисторзии и отклонувања од својата природна хармонична состојба. По таква синхронизација, природната био енергија тече подобро, а со тоа и подобро ги напојува виталните процеси на нашето телесно и духовно битие. На интензитетот на овој процес влијае и нашето однесување и интерес да го оствариме посакувано подобрување. Кристалите не не` лекуваат самите, без наше учество. Туку бараат наша соработка и стремеж за позитивна промена. Ако, на пример, некој не верува дека камчето може да му помогне тогаш никој `со сила` во тоа не може да го убеди. Но кога силно се обидуваме да допуштиме и камчето да биде фактор на промена кон подобро, тогаш всушност, со нашите насочени мисли вршиме негово ментално програмирање за таа функција. А таму каде го проектираме нашето внимание – таму ја насочуваме и нашата енергија која би требало да делува, да покрене, да стимулира или разбуди. По првите добиени резултати, макар и едвај забележливи, започнува да се буди и нашата самодоверба, а тоа е веќе остварување на првиот чекор кон лекувањето. Особено, доколку тоа сме го постигнале сами, со својата интенција и вежби.

Горскиот Кристал – `инструментот` на шаманските исцелители е популарно име за минералот Кварц. Неговиот хемиски состав е: еден атом на силициум и два атоми кислород ( SiO2 ). Кон средината на минатиот век е откриено дека може да се раздели на основните компоненти за да се добие силициум метал. Така е произведен првиот ЧИП, а подоцна и процесор. Од тој момент започнува експанзијата на компјутерската технологија и ерата на дигиталните системи на комуникација, кои се основа на модерното живеење и поврзување. А тука е добро постојано да се потсетуваме дека без `нашето шаманско камче` не може да функционира ни едно мобилно телефонче, ниту компјутер ниту пак интернет мрежа или телевизиски пренос. Ова е особено важно при работата со кристалите во практикувањето кристалотерапија. Можно е дури и да се делува и на дистанца. Доволно е само да го насочиме нашето внимание на конкретниот кристал, дури и да се наоѓаме на другата страна на светот. Ова е и експериментално и лабораториски констатирано.

Одбирањето на кристалот треба да се темели на неколку елементи. Прво е моментното чувство на инспирација за да го посакаме малку повеќе од некое друго камче. Секако дека најчесто секое камче е убаво и заслужува да биде одбрано, но сепак, разликата е во суптилни нијанси на `бендисување`. И тоа е лично чувство за компатибилност со себе или со личноста за која го одбираме. Потоа, не е лошо о да имаме и одредени генерални предзнаења за делувањето на видовите кристали. Секако, дека тие упатства не се фиксно дефинирани, бидејќе влијанието на кристалите е суптилно и променливо во однос на различни луѓе. Ист камен кај различни луѓе може да делува различно, како што и различни кристали можат да бидат програмирани за исто влијание кон иста цел. На пример: на териториите на кои живееле различни народи, се наоѓале различни видови на скапоцени камења кои биле програмирани да делуваат како амајлии за заштита, просперитет и долговечност. Затоа, нешето искуство сугерира дека речиси и да не постои камен кој не би ви одговарал. Добро е да се слушне и совет од вработениот персонал или пак од поискусен пријател. Важно е да биде одбран со потребното внимание, подарен со љубов и убави чувства и да ви се допадне. По ова иницијалниот замаец е покренат, а треба да следи процес на работа и одржување.

Прочистување на кристалите:

Во текот на делувањето на, се смета дека енергијата кристалите се `трошат` заради што би требало повремено да се прочистуваат. Има неколку методи: најчесто се прочистуваат под млаз на протечна вода, по што се поставуваат на отворено под здраците на сонцето и месечината. Ако ги прочистуваме под млаз од чешма, тогаш е добро да водиме сметка да не тече слино, туку умерено во траење од минута до две. Во меѓувреме, важно е да се концентрираме на тоа дека млазот вода не е само течноста, туку и флукс на чиста и свежа енергија која водата со себе ја носи. А токму таа е базичниот елемент на ревитализација на потенцијалот на кристалот. Повторно, во содејство со нашата мисловна концентрација.

Освен прочистувањето низ проточна вода, може да се остави едно деноноќие и во сад со малку засолена вода, која како јонски раствор врши неутрализација на кристалот. Добро е да се употребува и осветена вода, алкхол или водата на поточињата или реките кога сме надвор, во природа. Менталниот фокус на процесот на прочистување на кристалот е и процес на репрограмирање на исцелувачкиот програм во нашата подсвест, кој делува на активација на делови од потенцијалот кој природно го поседуваме, а до сега не сме го искористиле.

Компатибилност со скапоцените камења од локално потекло

Речено е дека `каменот тежи на местото на кое се наоѓа`. Таа дефиниција активно ја преиспитуваме сите овие години од кога започнавме со истражување и промоција на скапоцените камења од Македонија. Како да стекнавме нов инструмент на постигнување самодоверба, добра промоција, решение за подарок и заштитна амајлија. Слично како и употребата на храна од локално потекло, можеби постои и поголема компатибилност и приемчивост кон ебергетското влијание на кристалите од `својот двор`. Ова особено е изразено во однос на прецепцијата на МАКЕДОНСКИОТ РУБИН – нашиот национален природен скапоцен камен. Во својата понова историја, Македонија нема културно наследство во скапоцени камења какво што имаат земји кои до скоро биле кралства или империјални сили. Династиите во таквите земји пренесувале искуства на употребата на скапоцените камења, а нивни примероци се изложени во националните збирки и музеи. Во социјализмот не бил поттикнуван конзумизмот на високата класа во општеството а со тоа и трговијата со вредни скапоцени камења. Сметавме дека тие доаѓаат од далечни егзотични или од богати и развиени земји. А не ретко, богатите земји, скапоцените камења ги добивале од сиромашните земји од кои некои биле и нивни колонии.

Во обидот преку работата на `Дуќанчето ДЕКО` да се представи богатиот спектар на природни скапоцени камчиња од напознатите светски наоѓалишта, неочекувано откривме дека Македонија во научните кругови била позната по Македонскиот Рубин, а за тоа јавноста малку, или речиси ништо не знаела. Тој се одликува со специфична нијанса на розова боја, која според принципите на кристалотерапијата делува преку `чакрата` на срцето која е `регулатор` на нашата хумана природа. Секој розов кристал делува преку тој енергетски центар, а Рубинот, пак, е со највисока тврдина. Особено, знаејќи дека Рубинот е еден од најпознатите и најпроучуваните скапоцени камења во историјата на човекот. Така, по десетина години истражувања и подготовки, денес го имаме новиот инструмент на активација на МОЌНИОТ ЗРАК НА НАШЕТО СРЦЕ – МАКЕДОНСКИОТ РУБИН.

Автор: Деан Шкартов, за Физиотерапија Македоника – здружение на професионални физиотерапевти

Види

Зазимување кактуси

Зимското калење треба да биде во простории со температура помеѓу 8 и 12-15 степени. Ставете …