20.04.2024
Почетна / Градина / Шафран – зачин кој чини до 3000 долари за околу 1 килограм

Шафран – зачин кој чини до 3000 долари за околу 1 килограм

Шафранот е најскапиот зачин во светот. Шафранот помага за здрави очи и срце, како и за превенција од рак.

На пазарот, премиум квалитет на квалитетен најдобар шафран чини до 3000долари за околу 1 килограм, велат од „Голден Шафран“.

Шафран минзухар (Crocus sativus) е културен вид минзухар од семејството Перуникови (Iridaceae). Цветовите му се со виолетова боја и во облик на ѕвезда.

Во текот на ноќта се отвораат. Цветовите се берат рачно, а близалцата се сушат.

Историјата на одгледување на шафранот, датира над 3.000 години во минатото, информира wikipedia.org. Дивиот претходник е еден вид есенски минзухар – Crocus cartwrightianus.

Сите шафрани минзухари цветаат во краток период од една или две недели. Приближно 150 цветови се потребни за 1 g сув шафран. За производство на 12 г суво шафран (72 г свеж), е потребно 1 кг цвеќиња.

Цените на шафран на големо и мало се движат од 1000 до 10 000 евра за килограм. Зачинот од шафран содржи над 150 етерични и ароматични соединенија. Тој исто така има многу неетерични активни состојки, од кои многу се каротеноиди, вклучувајќи зеаксантин, ликопен и различни α- и β-каротени.

Златно жолтата боја на шафранот сепак главно се должи на α-кроцина. Горчливите гликозиди пикрокроцин го даваат вкусот на шафранот.

Современи истражувања покажуваат дека шафранот има антиканцерогени и антимутагенни својства и ги засилува ефектите на имуномодулаторите и антиоксидансите.

Во комбинација со чајот од камилица дејствува смирувачки и приспивно. Чај од шафран помага и при кардиоваскуларни болести. Тој предизвикува потење, што го забрзува очистувањето на токсините од телото. Чај од шафран се подготвува како во сад со топла зовриена вода, но не и врела, се стават 2-4 прстиња од билката и останат таму 10-15 минути. Може да се додаде мед по вкус.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …