Почетна / Градина / Семките од грозје се корисни за срцето

Семките од грозје се корисни за срцето

Грозјето е сакан плод како од младите, така и од повозрасните. Некои го сакаат без семки, за да не мора да плукаат и да го чистат, а други, пак, едноставно си ги голтаат семките и не фрлаат ништо, што според спроведено истражување е многу добро.

Истражувањето покажува дека семките од грозје се богати со антиоксиданти наречени проантоцианиди. Тие имаат својство да ги уништуваат слободните радикали, со што го чуваат срцето од бројни болести.

Освен тоа, го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол во организмот. Во споредба со витамин Ц, проантоцианидите имаат 20 пати поголем ефект, а во споредба со витамин Е е 50 пати посилен.

Витамините Ц и Е се двата најчести антиоксиданти, а проантоцианидите ги поддржуваат во уништувањето на слободните радикали во организмот.

Проантоцианидите ги засилуваат ѕидовите на крвните садови и на тој начин го штитат кардиоваскуларниот систем. Семките од грозје се препорачуваат уште и против алергии, артритис, зглобовите па дури и астма.

Види

Како да исечете диња на убави коцки (Видео)

Дејвид Бишоп во еден од своите видеа демонстрира како без многу мака можете да ја …