06.07.2022
Почетна / Градина / Село Куклиш – За жените велат дека се дури и посилни и од мажите

Село Куклиш – За жените велат дека се дури и посилни и од мажите

Куклиш е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица. Куклиш се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на нашата земја. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 4 километри.

Надморската височина во селото е 250 метри, а површината на селото изнесува 2198 ha.

Селото граничи со Градско Балдовци, Свидовица, Три Води, Дорломбос, Орманли, Сачево, Струмица.

Претежно занимање на населението е земјоделие. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 600 ha. Селото е најголемо село во Општина Струмица, но и едно од најголемите села во Струмичко Поле.

Се смета дека куклишаните се еден од највредниот и најработлив народ во нашата држава. За жените од село Куклиш велат дека се дури и посилни и од мажите. Погледнете како изгледа рано градинарскиот центар во село Куклиш.

Фотографијата е на Ерсан Максимовски

Види

Ако сте од љубителите на егзотичните цвеќиња – Кој е цветот на страста?!

Ако сте од љубителите на егзотичните цвеќиња, пасифлората е токму за вас. Различна и убава …