Бадемот е овошка која добро ја поднесува високата температура. Се карактеризира како континентално и супертропско овошје.
Бадемот поднесува и ниски температури, дури и од -30 до -33 степени целзиусови. Цветот на бадемот може да издржи температура до -3 степени целзиусови, а младите плодови од -0,5 до -1,8 степени целзиусови.
Бадемот успешно вирее во нашата држава. Во село Крушевица, Росоман на 5 километри од воздушната бања Јасеново има 14 хектари насади на органски бадем под брендот DARION. Тоа се приближно 5600 садници, а поголемиот дел од нив се веќе на седма годишна возраст. За дополнителни информации контактирајте на 075 669 001.
Плодовите од бадемот се од голема вредност за исхраната, фармацевтската и прехрамбената индустрија. Плодовите од бадемот содржат голема количина на масло кое варира во граници од 25% до 64,57%. Маслото од бадемот е светложолто, специфична тежина од 0.920, додека јодниот број му е 95, а сапунификациониот е 195. Во јатките на бадемот се застапени аминокиселините:олеинска, палмитинска и стеаринска.
Бадемовото масло има голема емулзивна способност, која особина му дава големо значење при производството на лекови, во козметиката за правење на кремови за изгореници, сува кожа и др.
Бадемовот масло позитивно делува при лечењето на воспалени на повеќе органи инфективни болести и многу други негативни промени.
Бадемовото масло е едно од насјкапите и воедно најфина суровина за производство на лекови, козметички производи и кремови за нега на кожата.
Бадемовото млеко е емузлија која се добива со мелење на јатката и постепено додавање на вода, богато е со масти и белковини. Како замена на обичното млеко се употребува за мали деца кои не поднесуваат млечни белковини. Уште многу одамна Бадемовото млеко се користело за негување на кожата.
- Застапеноста на белковините во јатките на бадемот е од 11,20% до 17,60%.
- Застапеноста на аминокиселините во мг% е: гликол 0,951; аланин 1,4; валин 0,16; пролин 2,44; фенилаланин 2,53; аспарагин 5,42; глитамин 23,14; тирозин 1,12; аргенин 11,85%; хистадин 1,58; триптофан 4,71, лизин 0,70 и др.
- Застапеноста на шеќерот е релативно мала и тоа од 2,35% до 5,77%
- Енергетската вредност на бадемовата јатка изнесува од 500 до 622 џули.
- Минералните материи сочинуваат околу 3,02%. Од минералните материи значајни се магнезиум, калиум, фосфор, калциум, натриум и др.
- Застапеноста на целулозата во јатките на бадемот е околу 1,33%
- Од витамините во јатките на бадемот значајни се: Ц 5мг; А 0,17; Б1 0,2 до 0,4; Б2 0,65; П 100, Е и др.
Бадемот многу се користи и во прехрамбената индустрија, како мешавина во други овошја, суви смокви, лешник, суво грозје и др.
Предноста на бадемот е во лесното транспортирање и чување при обични услови.
За дополнителни информации контактирајте ги DARION на 075 669 001.