19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Се укинува Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

Се укинува Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе предложи до Владата Закон за укинување на законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.

-Со донесување на законот ќе се укинат одредбите од Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост кој во практиката се покажаа како неприменливи, а во Законот за земјоделско земјиште ќе се инкорпорираат одредби за начинот и постапката за продажба на земјоделско земјиште под оранжерии, помошни објекти и други земјоделски објекти изградени на земјоделското земјиште, се вели во образложението на Министерството за земјиделство, шумарство и водостопанство.

Цел на законот како што велат од од министерството е да се сопре оттуѓувањето на земјоделското земјиште во државна сопственост, пишува Емагазин.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …