20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Се повеќе се развива производство на биодизел од семето на Јатрофата (Jatropha curcas)

Се повеќе се развива производство на биодизел од семето на Јатрофата (Jatropha curcas)

Јатрофата потекнува од Централна Америка. Родот вклучува околу 170 вида сукулентни растенија.

Во висина достигнува до 60 см. Јатрофата привлекува со чудниот изглед – танко во основата стебло и светло зелени листови.

Цвета од април до октомври со ситни црвени или портокалови цветови. Цветовите се машки и женски. Растението е лесно за одгледување и непретенциозно. Релативно лесно ја толерира сушата. Во последниве години се развива производство на биодизел од семето на Јатрофата (Jatropha curcas). Семето содржи 30-40% масло.

Во 2008 година во светски рамки насадени со јатрофа се околу 900 илјади квадратни километри полиња. Додека пак, прогнозите за 2015г. се за 12,5 милиони квадратни километри. Предностите на одгледување на јатрофа за биодизел главно се поврзани со лесниот развој на растението во сиромашни и исцрпени почви, како и развиениот коренскиот систем, способен да достигне до вода длабоко во почвата.

Место: јатрофата сака директна сончева светлина. Погодно место за одгледување на јатрофата е источниот или западен прозор, а во летните денови можете да ја понесете во градината. Во топлите денови можете да обезбедите заштита од директните сончеви зраци. Температурата треба да биде умерена – околу 25-30 степени.

Нега: јатрофата се развива добро со умерено до обилно наводнување во летните денови и сосема ретко во зимските. Бидете особено внимателни во однос на наводнувањто во зима! Воздушната влажност треба да биде умерена. И во најжешките летни денови можете да ги пулверизирате листовите. Во однос на почвата супстрат јатрофата не е пребирлива. Добро е сепак почвата да биде лесна. Обезбедете и добра дренажа на дното на садот за одвод на вишокот вода. Се пресадува секоја година. Се ѓубри еднаш на две – три недели со ѓубриво за листови – декоративни цвеќиња.

Размножување: Со семе во пролет. Семето ‘рте лесно и брзо. Младите растенија се развиваат за неколку месеци и заликуваат на возрасни растенија. Листовите стекнуваат карактеристична форма на јатрофа во втората година, кога растението почнува да цвета.

Совет на градинари: Не дозволувајте температурата во просторијата каде зимува Јатрофата да паѓа под 12-15 степени. Пресадувајте ја секоја година, бидејќи коренскиот систем на јатрофата расте многу брзо. Како и другите претставници на овај род и јатрофата содржи отровни сокови. По пресадувањето, аранжирањето или друг контакт со растението, задолжително мијте ги рацете. Најдобро е да користите ракавици.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …