19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Се подобрува соработката помеѓу Македонија и Србија-побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни домашни производи

Се подобрува соработката помеѓу Македонија и Србија-побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни домашни производи

Во делот на извозот на македонските преработки од месо, со меѓусебното признавање на сертификатите, двојно ќе се намалат цените за лабораторските испитувања. Само за пример, анализата во акредитирана лабораторија во Србија просечно е околу 500 евра, а кај нас лабораториската анализа која со договорот ќе биде признаена од Србија, изнесува 200 евра. Дополнително, времето за чекање кое сега просечно изнесува од 10 до 12 дена за добивање на лабораториска анализа, со договорот ќе се сведе само на време за транспорт, односно на 1 ден.

Ова важи и за другите производи кои се извезуваат во Србија, а за кои досега се правеле лабораториски анализи.

Со потпишувањето на Договорот за фитосанитарна соработка, македонските извозници на градинарски култури резултатите од анализите ќе ги добиваат за 1 дена, а не како досега за 2 до 3 дена. Тоа значи дека градинарските производи кои се лесно расипливи, на српскиот пазар ќе стигнуваат многу побрзо, свежи и ќе можат да имаат поконкурентна цена.

Дополнително, со меѓусебното признавање на договорот, ќе се намалат трошоците на македонските извозници во однос на анализите. На пример анализите за јаболка во Србија чинат 4.025 денари, а во Македонија 965 денари.

Евиденцијата на маркиците кои се издаваат од МЗШВ за евидентирање на брашното пред пуштање на промет продолжува со целосна контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, како на увозното, така и на домашното брашно.

Паралелно Агенцијата за храна и ветеринарство преку инспекторските служби на граничните премини, континурано го следи увозот на производи и врши редовна контрола, со цел да се обезбедат безбедни увозни производи на македонскиот пазар.

Во претстојниот период продолжуваат преговорите со Република Србија во насока на изнаоѓање на решение од заеднички интерес во делот на контролните маркици.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …