17.03.2025
Почетна / Градина / Хортикултура / Сардела – балконско растение со уникатна форма на боја и неповторлив мирис

Сардела – балконско растение со уникатна форма на боја и неповторлив мирис

Сарделата е растение за балкон кое е многу распространето во нашиот регион. Потекнува од Јужна Африка.

Родот Пеларгониум, кој опфаќа околу 400 видови на растенија, припаѓа на семејство Здравецови (Geraniaceae).

Денес постојат стотици хибриди, кои се разликуваат меѓу себе со неверојатно разновидност на листовите, со уникатна форма на бојата и неповторлив мирис.

Главната карактеристика е дека отималната температура за развој на растенијата е 18-20 степени, а во зимата поминуваат низ период на мирување. Во тоа време наводнувањето се сведува на минимум.

За овие растенија најпогодни се богатите почви. Тие треба да содржат задолжително чимовка, угнил животинско ѓубриво и песок за отцедување. Во топлите месеци пеларгониумите се наводнуваат редовно и се чуваат на светло – соодветни се и источни и западни страни. Доколку се чуваат во внатрешноста на просторијата, треба задолжително да се проветрува често.

Цвета на пролет, па се до крајот на зимата кога умира, освен ако не го прибереме во текот на зимските месеци во внатрешноста каде има потопли температури и помалку светлина. Овие растенија во пролетта повторно се развиваат, но го губат својот квалитет и неможе да бидат како првата година.

Цветовите кои ги пушта се едноставни и во три бои: розова, црвена и бела. Доколку приметите дека на растението му паѓаат лисјата, во тој случај задолжително е да се прихрани со азот и железо. Бара полевање, но со внимание бидејќи коренот не трпи вода нон-стоп и може да предизвика гниење и спречување на развојот на растението.

Размножувањето е најчесто преку стеблени резници и се врши на крајот на летото и почетокот на есента. Резниците се оставаат во вода за неколку часа и потоа се забодуваат во длабоки садови со богата хумусна почва, измешани со песок или перлит. Формирањето на корени се стимулира преку рез на отсеченото место со остар нож во форма на крст.

При крајот на зимата треба да се постави близу до прозорецот и да се вади умерено.

Постои истражување кое научниците тврдат дека ако имате барем еден пеларгониум дома, може да ви помогне при несоница и главоболки.

Види

Како да ја зачувате Поинсетија (Euphorbia pulcherrima) после зимните месеци

Поинсетијата (Euphorbia pulcherrima) се смета како едно од најпопуларните цвеќиња, особено за време околу божиќните …