Почетна / Градина / Животни / Руското соколарство низ вековите

Руското соколарство низ вековите

Птиците-грабливки, особено сивиот сокол, кој инаку е најголем и најубав во својот вид, во стара Русија биле особено ценети. Постои предание дека кога соколарот на Иван Грозни, Трифун Патрикеев, за време на ловот го изгубил царевиот омилен сив сокол, царот на Трифун му дал задача да го пронајде неговиот миленик во рок од три дена, инаку ќе му ја отсече главата.

Цели три дена Трифун безуспешно ја барал птицата и на крајот од третиот ден, помирувајќи се со судбината, легнал да спие. На сон му се појавил неговиот заштитник Свети Трифун со сокол на рамената и му рекол: „Еве го соколот твој!“, а потоа му го предал.

Следниот ден соколарот навистина ја нашол птицата на една гранка. Од огромна радост и како благодарност на својот светител-заштитник, Патрикеев изградил камена црква која постои и денес на Трифуновската улица во Москва, каде стои над 500 години. Оттогаш на руските икони Свети Трифун се претставува со сокол и е многу почитуван од страна на ловците. Својот врв соколарството го достигнал за време на царот Алексеј Михајлович, таткото на Петар Велики.

Види

Белонокта/степска ветрушка (Falco naumanni)

Колонијален вид ветрушка кој гнезди во Европа, а презимува во Централна и Јужна Африка. Границите …