19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / РУРАЛНА КОАЛИЦИЈА: НАМЕСТО ПАРИ, ДЕЛ ОД СУБВЕНЦИИТЕ ДА БИДАТ ВО РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ

РУРАЛНА КОАЛИЦИЈА: НАМЕСТО ПАРИ, ДЕЛ ОД СУБВЕНЦИИТЕ ДА БИДАТ ВО РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ

Дел од субвенциите, наместо како парични средства, да се даваат во вид на конкретна поддршка: нови сорти, семиња, механизација, репроматеријали,… Така стопроцентно ќе се искористат, за производство, а ќе се спречат и евентуални манипулации при распределбата.

Ова го предлагаат земјоделци кои беа опфатени со последното истражување на Рурална коалиција – Куманово, спроведено во периодот декември 2016 – јануари 2017 година.

Според извршната директорка на Рурална коалиција Лилјана Јоноски, на земјоделците им е потребна развојна компонента која ќе ги поттикнува да вложуваат во осовременување, модернизирање на производството.

– Субвенциите се генерално социјална категорија и добро е еден дел да биде таков, но нека ја има и оваа другата, развојната компонента. Секако, мора да се прави и разлика при доделувањето на субвенциите, дали некому земјоделството му е примарна или дополнителна дејност, колкаво е земјоделското стопанство со кое располага,… На таков начин да се направи распределбата, вели директорката.

Нејзина и оценка на земјоделците е дека распределбата на субвенциите во вид на конкретна помош претставува и вид сигурност дека парите што ги дава државата ќе одат во вистинските раце и ќе се потрошат продуктивно, за разлика од паричните средства кои може да се употребат за друга намена, наместо да се вложат во производство.

– Веќе се знае дека во однос на исплатата се чека, зашто субвенциите од претходната се исплаќаат во тековната година, но кога ги прашавме земјоделците дали така треба да продолжи исплаќањето, во парични средства, најголемиот дел од нив рекоа не, дека не треба да се продолжи со истиот принцип и истиот начин, не само заради манипулациите што се вршат и што од една куќа земаат сите, а од друга со години чекаат, туку и зашто им е потребна развојна компонента која ќе ги поттикнува да вложуваат во своето производство, да го осовременат, модернизираат, да вложат во нови сорти, семиња, механизација,…, вели Јоноски.

Овие предлози на земјоделците Рурална коалиција ќе ги достави до надлежните, како што стори и со резултатите од претходната анализа за институционалните капацитети и препораките за подобрување на односите во пазарната економија.

Истражувањето на Рурална коалиција беше спроведено во Полошкиот, Северозападниот и Југоисточниот регион, во општините Гостивар, Тетово, Куманово, Ранковце, Старо Нагоричане, Кичево и Струга, информираше Макпрес.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …