18.04.2024
Почетна / Градина / Роботи произведуваат зелена салата во Јапонија

Роботи произведуваат зелена салата во Јапонија

По отворањето во 2017 година огромната “фабрика за зеленчук” крај Кјото, Јапонија, ќе биде првaтa во светот во која нема да работат земјоделци.

Роботи ќе садат семиња на салатите, ќе ги пресадуваат, ќе го одгледуваат зеленчукот и автоматски ќе го транспортираат до линија за пакување, каде што ќе биде подготвен за испраќање во локалните продавници.

За еден ден фармата ќе може да произведе 30 илјади марули. Во традиционалната фарма на површина со иста големина можат да се одгледуваат околу 26 илјади растенија, и може да се соберат помеѓу две и четири реколти на сезона.

Spread – јапонската компанија, што ја проектираше фабриката, ја отвора првата фарма во 2006 година и веќе испорачува марули на 2000 продавници во реонот на Токио. Компанијата смета дека може да се направи процесот уште поефикасен. Според неа новиот објект е иднината на земјоделството.

Слично на другите фарми во затворен простор, е новата фабрика на Spread која ќе користи значително помалку вода од традиционалното земјоделство. Модерната технологија на компанијата ќе направи можно рециклирање на 98% од водата. Бидејќи просториите се цврсто затворени, нема да бидат потребни пестициди и хербициди. Ефективниот систем за осветлување ќе се напојува со обновлива енергија.

Јапонија увезува околу 60% од храната секоја година, но новата фабрика би можела да обезбеди локално производство. На позадината на климатските промени кои предизвикуваат екстремни феномени како суша и поплави, затворената средина би можела да обезбеди сигурно производство. Фабриката автоматски ќе ја контролира температурата, влажноста, нивото на јаглерод диоксид и светлината, за да го оптимизира растот.

Заедно со тоа автоматизацијата на процесот ќе го прави поевтин. Новиот систем ќе ја штити храната и од заразување со инфекции, направени од луѓе. Изградбата на новата фарма ќе започне во почетокот на 2016 година, а компанијата се надева дека ќе изгради слични фабрики за зеленчук во целиот свет.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …