20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Релативно топло време уште два дена, а еве што не очекува потоа

Релативно топло време уште два дена, а еве што не очекува потоа

Над нашето Македонско небо како и над целата наша земја доминира поле на висок воздушен притисок (антициклон) што деновиве придонесува да уживаме во релативно стабилно, суво и пред се топло време со релативно високи дневни температури кои се би рекол и надпросечни како за овој период од годината. А ваквата временска состојба продолжува речиси скоро уште во следните два дена (вторник и среда) за потоа да настапи промена на синоптичката состојба кај нас.

Да почнеме со ред, а тоа е дека и во текот на утрешниот ден (вторник) временската состојба нема да се разликува ништо поразлично од денес, што значи дека ќе преовладува сончево, стабилно и топло време со мала локална облачност и натпросечно топло време како за овој дел од годината. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој локално понекаде може да засилува на интензитет. Дневната температура ќе се движи од +23 до +32 С.

Во среда останува топло, а во најголем дел од државата останува стабилно и суво време со умерена облачност. Меѓутоа со оглед на тоа што промената ќе ни биде се поблиску, во текот на попладневните или вечерните часови ќе започне постепено да наоблачува што воедно ќе биде и најава за тоа што допрва ќе ни следува, а тоа е промената. Температурите и овој ден ќе бидат релативно високи и максимумот би се движел од +20 до +29 С.

Сепак позначителна промена на времето кај нас во Македонија настапува некаде од четврток и тоа во попладневните или вечерни часови, кога нашата територија ќе започне и тоа како да потпаѓа под влијание на ЦИКЛОНСКА активност на влажна и нестабипна воздушна маса од Медитеранот, што ќе услови поголемо наоблачување и кое ќе донесе бран врнежи од дожд. Наместа ќе имаме и развој на нестабилна облачност што ќе резултира со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради спуштање на постуден воздух од север и потоплиот од југ, локално е можно при вакви услови да доведе и до локално мошне поинтензивни атмосферски процеси. Очекуваме локално и поинтензивни врнежи и истите ќе ги имаме во текот на ноќта према петок како и во одреден дел од денот петок. Во четврток дневната температура ќе се движи од +20 до +28 С, во петок поради прилив на уште постуден воздух ќе имаме уште поголем пад на температурите и тие би се движеле од +15 до само +20 степени.

Постепено стабилизирање на времето, каде очекуваме и посвежо време со сончеви периоди ќе имаме сепак во деновите од викендот кој е речиси пред нас. Во сабота ветровито со сончеви периоди и променлива облачност, а дневниот температурен максимум ќе се движел од +15 до +22 С.

Значи топло и суво време уште овие два дена, па затоа искористете ги на најдобар можен начин бидејќи ни доаѓа промената. Од четврток истата и ние ќе ја почувствуваме и ќе биде проследена со наоблачување, бран врнежи од дожд и грмежи, а потоа ветерот ќе засилува со што од север ќе започне да прилива постуден воздух и истиот носи пад на температурите, наскоро нови детали и слично.

Подготви: ДенисМуховиц

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …