29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Растителни супи за гноење

Растителни супи за гноење

Растителна супа од коприви како квалитетно гноиво.

Делува компензациски и лековито и го подобрува растот и настанувањето на лиснатиот зеленчук.

Тлото кое е полеано со оваа материја е посакувано за населување со дождовните глисти. Со неа се наѓубрува од грав, грашак, кромид, па се до градинарски овошја и свеќиња.

Се прави во буриња (пластични, дрвени, глинени, ќерамички) и се припрема преку целата година. Не смее да се користи коприви кои имаат семе. Во бурето ставаме коприви, па ги полеваме со дождовница и го ставаме на топло (1 кг свежи коприви ги потопуваме во 10 л. вода); може да се стават и на сонце. Секој ден се промешува и го покриваме бурето со жичена мрежа, со цел превенција од мали инсекти. Супата секогаш создава непријатен мирис . Поради тоа додаваме неколку раце камено брашно или одоленов екстрат. Супата е припремена за употреба после 2-3 недели. Потребно е пред употреба да се разреди (1:10 или 1:20) во зависност од нејзината густина. Потоа растенијата се поливаат со супата. Доколку не се употреби целото буре, го покриваме со прекривка и го оставаме за наредна потреба, се до крајот на есента, до кога и е употреблива.

Растителна супа од гавез

Содржи многу азот и калиум. Пред се, го потикнува растот на доматите. Може да се меша со супата од коприви.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …