Почетна / Градина / Вести / Растенијата што помагаат при егзема

Растенијата што помагаат при егзема

Егзема е хронична болест која се изразува во форма на корички на кожата, формирани откако имало период со рани и иритирани делови. Може да препознаете егзема и при појава на меури, црвенило, чешање и суви дамки на кожата. Таа влијае на луѓето од сите возрасти. За жал оваа состојба многу тешко може да се излечи.

Виновен пред се за неговата појава е вознемирениот имунолошки систем. Но, постојат и други комплексни предизвикувачи. Затоа како за почеток е добро да се концентрирате во олеснувањето на симптомите. Во оваа задача може да ви помогнат многу растенијата, некои од нив имаат надворешна употреба, други се применуваат надворешно.

Маслото од иглика го намалува чешањето, кој е предизвикан од егзема. Неговата примена е внатрешна, но само под контрола на лекар. Маслото од иглика содржи гама-линоленска киселина, која често е дефицит кај луѓето со егзема.
Маслото од јојоба се користи надворешно и делува смирувачки на кожата. Маслото од јојоба е поефикасно при лекувањето на егзема, кога се меша со масло од чајно дрво.

Друг вид помошник е звездицата која претставува вид лековита трева, придонесувајќи за истерувањето на токсините од кожата, но главната и сила е дека го смирува чешањето и иритацијата на кожата.

Маслиновите листови имаат силно антисептично дејство врз кожата и успешно се борат со егземата. Црвената детелина содржи токоферол, кој е моќен антиоксидант и е многу корисен за олеснување на егземи и други хронични заболувања на кожата. Измешајте 1 супена лажичка црвена детелина, 1 супена лажичка коприва и 1 супена лажичка дилјанка.

Овие растенија полејте ги со еден литар вода, варете ги 10 минути, па откако смесата се олади напијте се од неа по 1-3 чаши на ден. Оваа мешавина помага за ублажување на чешањето и болката при егзема.

Види

Три растенија кои лекуваат брадавици!

Растенијата се едни од испробаните средства за отстранување на брадавици! Се препорачуваат неколку рецепти со …