Почетна / Градина / Растенијата не се само декор: Како да си помогнете со нив според Фенг шуи

Растенијата не се само декор: Како да си помогнете со нив според Фенг шуи

Романтичните односи се зацврстуваат со белите бои на цвеќињата, ставени во западниот дел на собата. Ставете три здрави, нови растенија во вашата кујна, тие ќе поднесат свежо Чи, што ќе доведе до подобрување на вашето здравје, како и до зголемување на вашето богатство. Ставете свежо набрани цвеќиња во спалната, тие ќе внесат свежа енергија во вашата врска со партнерот. Цветовите даваат и среќа во вашиот живот.

Менувајте ги цвеќињата веднаш штом почнат да венеат. За да им помогнете на децата да бидат здрави, или за да ги повратите од некаква болест, силно ви препорачуваме употреба на зелени растенија. Ставете непарен број (3,5 и 9 се добар број) зелени растенија во детската спална со намера децата да се излечат  и да бидат здрави. Кога имате впечаток дека не можете да се фокусирате и ментално сте изморени, Подобрете ја циркулацијата на Чи, со вметнување големо растение во саксија во близина на вратата на кабинетот каде што работите.

Избегнувајте да ставате кактуси и други “боцки” на југозападната страна, бидејќи тоа е зоната на човечките односи. Композициите од суви растенија практично даваат рамнотежата на енергиите во вашиот дом. Главното не го заборавајте, а тоа е да го симнувате правот од нив, кој се собира околу. Се смета дека така до нив не стигнува доволно енергија. Вештачко цвеќе според кинеската традиција, нема никаков позитивен ефект. Затоа од нив прават венци на гробовите.

Види

Како да направите ѕид од цвеќе?

Вертикалната градина е изградена од готови елементи. Тие се продаваат во поголеми ланци и места, …