Почетна / Градина / Растенијата не чуваат од зарази

Растенијата не чуваат од зарази

Денес изобилството од зеленило, рапределено во целиот дом, е сигурен знак дека во него живеат ултрасовременни луѓе кои се грижат за своето здравје.

Предностите на нативната аромотерапија се мекост на влијанието, можност за долготрајно користење, а што е најважно ризикот од предозирање и развој на несакани ефекти е многу помал отколку кај традиционалната аромaтерапија во домот.

Растенијата “издишуваат” во атмосферата на просторијата не само кислород, но и етерични масла, кои се состојат од неколку стотици супстанции. Овие материи хидратираат и го јонизираат воздухот, собираат прашина, го апсорбираат вишокот од тешки метали и радиоактивни елементи, го спречуваат размножувањето на бактериите, печурките и вирусите. Најсил ефект имаат мушкатото, алоето, лаванда, рузмаринот.

Тие даваат оксидирачки својства на кожата, испарливите супстанции помагаат во забавувањето на процесот на стареење. Нашите мудри баби биле со љубов кон затворените растенија и неслучајно многу од нив доживеале до 90 години, задржувајќи ја активноста на телото и јасноста на умот, вели Елица Кирилов, консултант за одгледување на затворените растенија:

– Ако прашината од растенијата редовно се отстранува, воздухот во собата ќе биде во просек за 40 проценти почист отколку во истата соба по површина без растенија (под исти грижи). Навлажнетите листови апсорбираат гас два-три пати поинтензивно од јаловиштето. За засилување на лековитите својства на етероносните растенија (на пример лавер, мушкато, рузмарин, кипарисов сантолин) минимум два пати неделно во водата за наводнување треба да се додадат биостимулатори – хетероауксин и раствор на глукоза (по 5 мл на 5 литри вода) и два пати месечно – аспирин (5 г на еден литар вода).

Внесување во почвата и прскањето на листовите со ратвори на микроелементи како мед и железо помагаат во зголемувањето на брзината на детоксикација на фенол.

Најактивен чистач на воздухот во станот е хлорофитумот. Германците го нарекуваат зелен крин, Англичаните – растение пајак. Англичаните го крстиле така поради неговата форма.

Види

Засадил ружа во компир! Погледнете што се случило за само 7 дена

Со помош на овој генијален трик ќе им помогнете на ружите повторно да пораснат и …