Растенија на работа
Основниот проблем во службените и работните простории е наводнувањето. Во службените простории се одгледуваат само отпорни без проблематични растенија кои можат да преживеат во сабота и недела без вода. Треба да се знае дека клима уредот не штети на растенијата, дури напротив, повеќето се развиваат добро при рамномерна температура и висока важност на воздухот. Живото зеленило прави да сивите службени простории бидат повеќе пријатни, се разбира, ако за растенијата се прават добри грижи.
Растенија во домот
Дали во кујната или во бањата, свежото зеленило ни го прави секојдневието најубаво. Во светлата кујна во која поминуваме многу време, може да се ставаат и растенија, кои, освен што ги красат просторијата се и доста корисни. Се разбира, се зависи од личниот вкус. На пример зачините како магдонос, гарвански кромид, мајор, мелиса, итн се развиваат многу добро на кујнскиот прозорец. Одлично е секогаш да имате свежи зачини од сопствена мала градина. Растенијата кои обезбедуваат природна заштита од инсекти, исто така имаат свое место во кујната. На пример, со моќниот арома темјанот ги држи настрана мувите и комарци. Особено погодни за детска соба се градините во шишиња. За нив се користи мал, прозрачен сад. Наполнете го до една третина со песоклива прст или кактусово земјиште и мешавина. Натопете ја добро почвата со прскалка. Потоа наросете го семето. Затворете го добро шишето, најдобро со коркова тапа. Ставете ја на сончев прозорец. По 4 до 6 недели кактусот ‘рте. Во наредните три години можат да останат во шишето, без да се грижите за нив. Тие стануваат големи колку палец и понекогаш дури цветаат, бидејќи се чувствуваат одлично во просторот каде се наоѓаат. По правило спалните соби се поладни од дневните. Несоодветни за спалните соби се оние растенија кои силно мирисаат. Не се препорачуваат и растенија со премногу големи листови. За спалните не се соодветни и растенија кои можат да предизвикаат алергија.