Почетна / Градина / Вести / Растенијата кои помагаат за лекување на хемороиди

Растенијата кои помагаат за лекување на хемороиди

Змиското грозје е едно многу корисно растение кое ќе ве ослободи од болните напади на хемороиди. Познато е уште под името змијарник, змиски лапад. Може да се најде во целата земја.

Се користат грудките за лековити цели поради содржината на поли-захариди, флавоноиди, кумарини, скроб, етерични масла, сапонини, алкалоиди.

Стеблото му е синкаво, разгрането, густо облистено, ползечко или искачувачко, голо или со немногу меки влакненца, достигнувајќи раст со височина од 40 см.

Листовите стреловидни или конусни и на крајот со долги бели влакненца. Плодот може да се користи против ларингити, бронхитис, фарингитис, гастритис, чир на желудникот и дуоденумот, хемороиди, камења во бубрезите, неврози и др. Во народната медицина се користи за лекување на гихт, псоријаза, миома и цисти на јајниците.

Парчињата од свежа сурова грудка со големина колку пченкарно зрно, се земаат по едно 2 пати на ден. При хемороиди и неврози ефектот од овој третман се покажало како навистина добар. Се оставаат да киснат цела ноќ во ладна вода, соодносот е 1:100 / една грудка на 100 мл вода /. Се пие по 1 чашка од 50мл 2 пати на ден пред јадење.

Внимание: Билката е отровна и треба да се почитува токму дозата и да не се пие подолго време, а секако и да се консултирате со лекар.

Види

Избор на балконски растенија

Во градовите балконите и терасите често претставуваат единствено место каде што може да се одгледува …