Почетна / Градина / Растенијата кои имаат повеќе железо од месото

Растенијата кои имаат повеќе железо од месото

Само една лажица сусам содржи 1,3 мг железо. Тоа е супер едноставен начин како да вклучите железо во вашата исхрана. Посипете сусам врз салата, за поубав вкус или при криза за слатко, изедете 1 лажица сусам да ве засити.

8. Индиски ореви

Јаткастите плодови се познат добар извор на протеини за вегетаријанците, но индиските ореви имаат дополнителна корист, бидејќи се многу богати со железо. Една чаша индиски ореви содржи околу 2 грама на железо. Одлични се во комбинација со салата или смуди.

9. Наут/ леблебија

Една чаша наут содржи 4,7 mg железо или тоа е повеќе од половина од дневните потреби за возрасен маж. Печената леблебија е вкусна крцкава закуска и одлично се комбинира со суво грозје, но и сварениот наут подготвен како хумус или во комбинација со домати, сирење и краставица, ќе добиете одличен солени гарнир.

10. Темно чоколадо

Придобивките од темното чоколадо се чинат бесконечни. Консумирањето на темно чоколадо придонесува до поздрава кожа и заби и намалување на анксиозност. Темното чоколадо ви нуди сладок начин на внес на железо. 30гр на темно чоколадо содржи 2 до 3 mg железо, а тоа е повеќе железо отколку во истиот износ на говедско месо.

11. Грав

Гравот содржи 3-4мг на железо по чаша. Највкусно подготвено гравче е во чорба или на тавче, но и како додаток во салата е одлична комбинација за вкусен оброк. Многу брз начин на поготовка на салата е кога корисите конзервиран грав, веќе подготвен, во комбинација со марула, лимонов сок и домати.

Извор: бидитака.мк

Види

Зоолошката градина во Сан Диего со необичен потег, влезе во историјата на медицината (ВИДЕО)

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего, четири орангутани и пет бонобо, биле вакцинирани …