25.04.2024
Почетна / Градина / Растенијата кои имаат повеќе железо од месото

Растенијата кои имаат повеќе железо од месото

Вегетаријанците, трудниците и они кои постат, од особено значење им е храната богата со железо. Овој минерал е многу важен за организмот и во текот на денот треба да се внесе во доволни количини, за да можеме нормално да фунционираме.

Железото е важно за организмот, затоа што се врзува за хемоглобинот. При внес на храна сиромашна со железо, многу лесно може да настане анемија.

Железо-дефицитарна анемија е најчестата форма на анемија и настанува при намалување на бројот на црвени крвни клетки-еритроцити, предизвикано од ниската концентрација на железо во храната. Без доволно железо, вашето тело не може да синтетизира доволно хемоглобин, респираторен пигмент во црвените крвни клетки што го врзува и транспортира кислородот до сите ткивата и клетки на телото. Како резултат на тоа, може да се чувствуваат слаби, уморни и нервозни.

Околу 20% од жените, 50% од бремените жени и 3% од мажите немаат доволно железо во телото. Решението, во многу случаи, е да се консумираат повеќе храна богата со железо.

Препорачаната дневна доза на железо за возрасни е 8-27 mg на ден. Возрасните мажи треба да се придржуваат кон подолната бројка, додека пак жените кон погорната. Постарите жени, бремените и доилките, треба да внесуваат повеќе железо во текот на денот.

Види

Потхранување на расадот

Хранењето на млади растенија со зеленило започнува веднаш по ртење на растенијата – околу 5-7 …