Почетна / Градина / Лек / Растенија кои ни помагаат при умор на нозе

Растенија кои ни помагаат при умор на нозе

Уморните нозе се проклетство за секоја жена. Особено, за оние кои на работа се во многу движење и тоа на високи чевли.

Олеснувања на нозете со маст од рузмарин

Супена лажица со исецкани свежи листови од рузмарин се мешаат со 10 лажици свежа свинска маст. Измешајте ги добро и бидете подготовени бидејќи со оваа маст вечер ќе ги мачкате стапалата!

Опуштање со компири

Секоја вечер правете мала бања на нозете со топла вода во која сте вареле компири со лушпите или друг зеленчук. Морската сол ќе ви помогне исто така за уморни нозе. Во чаша со топла вода додајте 2 лажици морска сол, 2 лажици сода бикарбона и 6 лажици оцет. Киснете ги стапалата во тек на 10-15 минути.

Масажа за уморни нозе од солена маст

Се мешаат еднакви делови свежа солена свинска маст и камфор и се прави нежна масажа на стапалата.

Бања за нозете од хмељ

Направете си бања на нозете со литар зовриена вода во кој ставите 4 супени лажици хмељ! Држете така 10 минути!

Извор: билки

Види

Растението кое се препорачува при физички замор

Растението претставува повеќегодишно тревно растение кое достигнува до висина од еден метар. Стеблото му е …