22.01.2022
Почетна / Градина / Растението кое лекува отоци, рани, забоболки

Растението кое лекува отоци, рани, забоболки

Смрадликата е богата со тен материи, етерични масла и други вредни предмети. Има крвоспирачко, антиинфламаторно и антисептично дејство. Растението е често користено во народната медицина.

Најчесто се применува надворешно. Особено голем ефект има кај кожни заболувања, габични пупки и рани, при оток на нозете (од мраз) и потење, при хемороиди, циреи, афти во усната шуплина, воспаление на непцата, забоболка и др.

За надворешна употреба се прави запарка од 100 гр ситно сецкани листови од смрадлика во еден литар врела вода

. Се чека да се излади и се прецедува. Кога е потребно да се прави гаргара и жабурење запарката се подготвува со една лажица смрадлика во половина литар зовриена вода. Додадете малку сол и малку нишадор и откако се излади може да започнете со постапките.

Смрадликата помага и при пролив и дизентерија, при бубрежни заболувања, при чир и киселини во желудникот, астма и др. Во никој случај, не земајте го растението внатрешно без консултација со лекар, за да нема несакани последици.

Внатрешно растението се зема во форма на чај-една лажица сецкани листови смрадлика и се ставаат во 500 мл. врела вода. Така вријат 5 минути на тивок оган и се прецедува. Се пие по четири пати на ден пред јадење по 75 мл.

Напомена: Пред употреба консултирајте се лекар или фармацевт!

Види

Цистите на јајниците може да се лекуваат со растенија

Во денешно време повеќе од половина жени страдаат од цисти на јајниците. Во повеќето случаи цистите …