14.12.2024
Почетна / Градина / Вести / Растение кое ги голта куќите- жителите бараат помош (Видео)

Растение кое ги голта куќите- жителите бараат помош (Видео)

Лијана Глори, жителка на селото Лесби во австралиската држава Викторија, стравува дека веќе ја изгубила битката против тревата која буквално ѝ ја голта куќата.

Станува збор за егзотичната билка наречена “Хилманова паника”, која полека но сигурно го презема ова мало место. Тревата до таа мерка го обиколила домаќинството, што Глорија вели дека изгледа како да има сопствен ум. Безбројните обиди да се уништи ова растение паднале во вода, така што тревата моментално допира до лицето на Лијана. Со оглед на тоа дека е многу сува, ветерот лесно ја разнесува. Сноповите трева цело време се собираат, и со време стануваат се потешки.

“Мојата ќерка и јас буквално моравме да се пробиваме низ тревата за да дојдеме до кантите за ѓубре. Само расте и расте. Понекогаш не можам да ја користам главната врата на куќата. Има толку многу трева, невозможно е да се излезе”, вели загрозената жена. Ширењето на “Хилмановата паника” толку напредувало, што е затворен и главниот селски пат, а жителите побарале помош на социјалните мрежи.

“Во текот на сушната сезона тревата пука и се ослободува семе кое ветерот го разнесува насекаде. Каде и да дувне ветер, тревата повторно расте. А еднаш кога ќе ви дојде до куќата, не можете да се справите со неа”, објаснува Глори.

По метењето, корнењето и употребата на косилка која се расипала бидејќи тревата ги блокирала сечивата, употребата на дувач за лисја и бројни други методи, таа едноставно останала без идеи.

Слична епидемија се случила во 2016. година, кога растението загрозило 20 домаќинства, но “никогаш досега не било вака лошо”.

Види

ВЛАЖЕН И СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Викендов силен ветер, дожд, снег и зголемување на снежната покривка

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, за време на овој викенд …